Со првиот ден од полнолетството за Сури Круз, многу нешта се менуваат. Единствената ќерка на Кејти Холмс и Том Круз официјално влезе во светот на возрасните, но тоа носи и некои новитети во нејзиниот живот.
Иако, откако нејзината мајка Кејти Холмс се раздели од Круз, уживаше во значителната алиментација што и ја плаќаше нејзиниот славен татко, со кој немала никаков контакт 12 години, сега таа остана без неа.
Имено, како што е договорено во случајот за развод, но и во документите за старателство над Сури, Кејти Холмс добила целосно старателство, како и алиментација од 400 илјади долари, кои Том Круз ги уплаќал на нејзината сметка секоја година.
Од денес тоа е минато, а со тоа Сури губи секаква врска со својот славен татко. Добро е познато дека со разводот Кејти Холмс всушност „побегна“ од скиентолошката заедница, не сакајќи Сури да порасне опкружена со тие луѓе и верата која ја практикуваат.
По излегувањето од Скиентолошката црква, Сури изгубила секаков контакт со нејзиниот татко, за кој се верува дека оттогаш не го видела.
Сето тоа звучи навистина неверојатно, бидејќи Сури е неговото единствено биолошко дете. Тој ги посвои 31-годишната Изабела и 29-годишниот Конор, со кои се уште е во контакт и кои и самите се скиентолози, за време на бракот со поранешната сопруга Никол Кидман, а и во тој случај, тие немаат никаков контакт со неа.