Суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар

од Nikola Popovski
319 прегледи

Поглаварот на Кипарската православна црква вчера најави дека ќе суспендира десетина свештеници од неговата епархија бидејќи одбиле да го послушаат неговиот повик да се вакцинираат против Ковид-19. Архиепископот Хрисостомос Втори во интервју за државната телевизија „CyBC“ изјави дека повеќето од свештениците се теолози кои принудиле дел од верниците да не се вакцинираат.

Тој ја нарече непослушноста на свештенството „нечуено“ и предупреди дека суспензиите може да бидат продолжени за шест месеци или да доведат до разрешување на свештениците.

Тој предложи некои од невакцинираните свештеници се охрабрени да му пркосат поради неговата лоша здравствена состојба.

Архиепископот Хрисoстомос II гласно ја поддржа вакцинацијата за сите верници, а највисокото црковно одлучувачко тело Светиот синод упати јасен апел до народот за вакцинација.

Бројот на новозаразени лица на Кипар се намалува во последните неколку недели, но сè уште е висок, како и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, а здравствените власти тврдат дека системот не е загрозен, наведува АП.

Во јануари беше забележан вториот најголем број на смртни случаи поврзани со коронавирус на Кипар.

Слични содржини