Сузан Сарандон се извини поради изјавата за Евреите: Поради овие зборови доби отказ

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Актерката Сузан Сарандон тврди дека жали што на собирот за поддршка на Палестина во Њујорк кажала дека Евреите сега знаат какво е чувството да се биде муслиман.

„Оваа фраза беше голема грешка, бидејќи имплицира дека Евреите до неодамна не биле запознаени со прогонството. Како што сите знаеме, од вековното угнетување и геноцид во Европа до масакрот во синагогата ‘Дрво на животот’ во Питсбург, Евреите долго време се запознаени со дискриминацијата и религиозното насилство кое трае до ден-денес“, напиша таа на Инстаграм.

Актерката додаде дека не планирала да им се обрати на присутните на собирот за поддршка на Палестина, но дека била повикана да каже неколку зборови. Таа рече дека „длабоко жали што ја искривила реалноста“ и им се извини на луѓето кои ги повредила со своите коментари.

„Ќе ја продолжам мојата посветеност на мирот, вистината, правдата и сочувството за сите луѓе. Се надевам дека можеме да се сретнеме со љубов и подготвеност да се вклучиме во дијалог, особено со оние со кои не се согласуваме“, објави Сарандон.

Нејзиното извинување уследи откако компанијата United Talent Agency ја отпушти.

Слични содржини