294
Сузан Војчицки, долгогодишна директорка на „Гугл“, која одигра една од клучните улоги во создавањето на компанијата, објави дека се повлекува од позицијата извршен директор на „Јутјуб“, откако минатите девет години ги помина на таа позиција, соопшти агенцијата АП.
Во е-пошта до вработените на „Јутјуб“, Војчицки навела дека се повлекува од функцијата извршен директор за „да започне ново поглавје фокусирајќи се на семејството, здравјето и личните проекти што ја интересираат“.
Таа не дала детали за тоа какви се нејзините планови.
Нил Мохан, долгогодишен близок соработник, ќе ја наследи како извршен директор.