„Св. Еразмо“ доби неврохируршки микроскоп, пациентите не треба да патуваат во Скопје

од Nikola Popovski
328 прегледи

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче денес информираше дека специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп.

-Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати.

На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување, соопшти Филипче.

Слични содржини