Свечља: Ако Вучиќ дојде на Косово без да се најави ќе биде уапсен

од Vladimir Zorba
363 прегледи

„Во текот на ноќта прикриено залепија некои плакати на северот на Косово. Таму велат дека чекаат да дојде претседателот на Србија нарекувајќи го „командант“, пишува Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља.

„Ако тргнал без барање до нашето Министерство за надворешни работи и дијаспора, го чекаме и тој да дојде и потоа да го посетите во затвор, каде што веќе има некои негови пријатели“, додава тој на Фејсбук.

Во северно Косово утрово се појавија плакати со фотографијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, придружени со пораката „Врховен команданту, те чекаме“.

Постерите, на кои се гледа Вучиќ и зад него припадници на српската војска, се залепени на згради, куќи, локали и во јавни простори во четирите општини на северот на Косово, населени со мнозинско српско население – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Слични содржини