Сведочеше Агапи Дика за „Меѓународен сојуз“: Дента кога Јовановски ме испрати во финансиска полиција бев изиграна

375 прегледи

Во рамки на денешното рочиште за случајот „Мешународен сојуз“, претседателот на Собранието на сојузот, Агапи Дика сведочеше за својата улога, но и за склучувањето на договорите со правните лица.

Дика во своето сведочење потенцираше дека поврзаноста со „Меѓународниот сојуз“ течела преку Бојан Јовановски, кој во овој случај е првообвинет.

„На свечената средба што се одржа во просторите на Музејот на современа уметност, за Меѓународен сојуз, беа присутни угледни лица. Присуствуваше народниот правобранител, имаше лица од министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни, беше пратеникот Стефан Богоев. Бојан ми кажа дека седиштето на Меѓународен сојуз, ќе биде во близина на Кривичен суд Скопје. На второ Собрание се склучија договори со ,,Дрим билдинг” и ,,Пелистер”. Проектите беа прекрасни. Верував во тие проекти. Меѓународен сојуз тука беше за менаџирање со овие проекти“, посочи Дика.

Дика објасни дека потпишала договор за стратешко партнерство и деловна соработка, но не знаела за сумата во договорот.

„Овие договори ги видов на телевизија и Зоран Божиновски ги имаше објавено. Двата договори беа потпишани во ист ден. Сум потпишала, но не сум знаела што потшишувам. Од мене сѐ се криеше“, истакна  Дика.

Таа објасни дека побарала да биде изземена од функцијата претседател на Собрание, бидејќи таа била само формално пишана, но не учествувала во одлучувањето ниту работата.

Сведокот Дика, на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски, дали таа била во Управа на финансиска полиција, одговори дека тој ден била изиграна.

„Ми се јави Бојан Јовановски, дека треба да одам во Финансиска полиција. Отидов и тие се чудеа зошто сум отишла. Таму ме познаваа многу луѓе. Тогаш разбрав дека некои пари што се заробени. Сумата не се кажа. Се зборуваше за голема сума. Таму бевме со Јасна Мандиќ“, додаде во својот исказ сведокот Агапи Дика.

Слични содржини