Пациентка која минала низ голгота низ скопските клиники преку својата Фејсбук објава упати неколку прашања до министерот за здравство.
Нејзиното сведоштво го пренесуваме во целост:
Господине Венко Филипче, сакам да ми објасните зошто на цел Клинички центар немате невролог дури ни за итни случаеви?? Дали треба пациентите во ходник да умираат??
Имено, вчера со доста покачен притисок и крвавење од нос, со ненормални надчовечки главоболки бев веднаш примена на кардиологија, докторите трчаа како луди да ми помогнат, но и покрај аплицираната терапија главоболките стануваа уште посилни што ме доведоа до степен на вриштење од болка. Од кардиологија беше веднаш издаден упат за неврологија (од задната страна каде што не е ковид центар). Со вриштење и огромни болки тропав таму кога од соседната страна една сестра кажа дека не прегледуваат во 2-ра смена. Потоа добив упат за 8-ми септември, каде што исто така “пољубив врата”, па драг министере бев приморна да одам во Систина каде што ги направија сите потребни испитувања, и каде што морав да платам 31.750 денари.
Па господине министере, сакам да ми кажете зошто се скршени моите законски права на здравствена заштита, само затоа што „Не правеле прегледи “, и кој мене ќе ми ги покрие трошоците кои бев приморана да ги направам, а изнесуваат приближно 2 мои плати, и кој ќе им објасни на моите деца дека дека следните неколку месеци ќе бидат одвоени дури и од основните работи за живот поради сето тоа? – напиша таа.
Господине Венко Филипче , сакам да ми објасните зошто на цел клинички центар немате невролог дури ни за итни случаеви??…
Posted by Надица М. Трпевски on Thursday, 10 December 2020