Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека го симнале црковното знаме од јарбол на црковниот имот на Попова Шапка

од Radmila Tasevska
320 прегледи

Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија.  информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини