Светот е исправен пред трет дефлационен шок

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Глобалната економија е на пат да  ѝ се случи уште една негативен ценовен шок – дефлација и тоа трета за помалку од едно десетлетие, пишува Фајненшел Тајмс. Првиот се случи за време на хипотекарната и на финасиската криза во САД во 2008 година. Следниот беше предизвикан од кризата во еврозоната во текот на 2011-2012 година.

Последнава криза во многу нешта наликува на предходните. Сите досегашни кризи што ги зафатија пазарите во развој, прво удрија на пазарите на пари, а потоа се префрлија на теренот на суровините, за на крај да завршат во реалната економија. Сегашната криза го следи истиот пат.

BERZA3

Следните неколку месеци би можеле да го достигнеме дното, изразено во апсолутен пад на пазарната цена на акциите на пазарите во развој, прогнозира ФТ. Но, досегашното искуство нè учи дека по ова следат неколкугодишни капитални ограничувања чија крајна цел е враќање на финансиската дисциплина на пазарите во кои претходно премногу се инвестирало.

Влијанието на сегашната криза ќе предизвика поголем ценовен шок поради меѓусебната поврзаност на глобалната економија. Третиот дефлационен бран ќе предизвика стагнација на глобалниот раст, оценува весникот.

Евентуалната нова серија на девалвации на валутите, независно за која светска валута или земја се работи, нема да помогне да се подобри растот на производството. Напротив, тоа само ќе ги влоши работите и ќе ги продлабочи шоковите во цените и во обемот на производство. Нема да е од помош ниту ако САД воведе построга монетарна политика со цел да го зајакне доларот. Секои од овие потези само ќе ја намали побарувачката на пазарите во услови кога таа и така ќе биде слаба.

Фајненшел Тајмс единствено гледа решение во иновациите. Без разлика какви се аргументите на спротивната страна погледнете го примерот на компаниите Google и Apple кои инвестираат во иновации. Ова е единствениот начин на кој можеме да се спасиме од сивата перспектива на дефлација. Инаку ни останува да се надеваме на политичарите, цинично заклучува ФТ.