Светот одбележува 100-годишнина од геноцидот врз Ерменците

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Денес во голем број земји во светот со церемонии ќе биде одбележана 100-годишнината од геноцидот врз Ерменците, од страна на Османлиските Турци во Првата светска војна.

430x366

Вчера се одржа црковна служба во главната ерменска црква Ечмиадзин (блиску до Ереван), за време на која беше извршена најголемата канонизација на маченици во историјата. 24 април ќе се одбележи меѓу Ерменците како ден во меморија на овие маченици.

Денеска  се очекува стотици илјади од целиот свет да се приклучат на процесијата во Ереван. Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Франсоа Оланд ќе бидат меѓу присутните светски лидери. Исто така во Париз, Лос Анџелес и други градови во светот ќе се одржат слични одбележување на трагичната годишнина.

За време на Првата светска војна во Османлиската империја гинат 1,5 милиони Ерменци помеѓу 1915 и 1917 година.Сто години потоа Турција и Ерменија се уште расправаат дали тие се жртви на геноцид или граѓанска војна, како и колку точно биле на број .

Ерменија тврди дека 1,5 милиони луѓе биле убиени и за време на Првата светска војна при распадот на Отоманската империја. Ова тврдење се поддржува од неколку други земји.

Турција тврди дека меѓу 300 000 до 500 000 Ерменци и барем толку Турци умираат за време на граѓанска непослушност, кога Ерменците се креваат против нивните отомански владетели и застануваат на страната на освојувањето со  руски војници.

Иако го почитува споменот на загинатите, Анкара реагираше луто на одлуката на светски лидери за признавање на геноцид и тоа го смета за обид за притисок.

Повеќе од 20 земји во светот официјално го признаваат геноцидот, како и одделни региони, градови, парламенти или Анкетната комисија на други држави.