Светот треба да биде подготвен за можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби нуклеарно оружје, предупреди денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски рече дека Путин е способен да користи нуклеарно оружје бидејќи „не го цени човечкиот живот“.
На прашањето дали е загрижен дека ќе се случи такво сценарио, украинскиот претседател одговори дека целиот свет треба да биде загрижен.
„Не само јас, мислам дека целиот свет, сите земји треба да бидат загрижени. За нив (Москва) животот на луѓето не е ништо“, заклучи Зеленски.
На крајот од разговорот за Си-Ен-Ен рече дека не треба да се биде исплашен, туку треба да се биде „подготвен“.