Светот во очекување на спектаклот наречен „Супер Боул“

од Vladimir Zorba

Најголемиот спортски настан во САД „Супер Боул“ (Super Bowl LII ) ќе се одржи вечерва во Минесота. Во финалниот меч на Националната фудбалска лига (НФЛ) ќе се спротивстават играчите на Њу Ингланд Петриотс и Филаделфија Иглс. Двата тима се претставија импресивно во текот на сезоната, завршувајќи со 13 победи и само три порази.

„Супер Боул 52“ ќе ги спротистави овие два тима по втор пат од 2005 година. Тогаш Том Брејди го одведе својот тим до третата титула и интересно е што приказната е речиси иста. Минатогодишниот шампион може да ја освои третата титула во последните четири сезони и да го одбрани трофејот „Винс Ломбарди“.

„Патриотите“ се последниот тим во НФЛ кој победил во две последователни години (2004 и 2005 година). Покрај тоа, успехот во Филаделфија пред 13 години донесе трет наслов во рок од четири години на „патриотите“.

Брејди, од своја страна, ќе учествува осми пат во „Супер Боул“. Квотербекот на „патриотите“ има учества во финалниот натпревар колку цела екипа на „орлите“ воопшто. Брејди може да додаде шести прстен во својата кариера и да стане најуспешниот НФЛ натпреварувач.

„Супер Боул“, исто така, ќе биде битка помеѓу двајца спортисти во многу поинаква ситуација. Том Брејди е веќе на 40 години и постави рекорд за највозрасен квотербек кој го освоил одликувањето. Неговиот противкандидат Ник Фолс сепак за прв пат ќе игра во финалето.

„Ние се обидуваме да бидеме смирени пред мечот, бидејќи со текот на годините нашиот тим се има здобиено со големо искуство, и јасно е дека сме подготвени за борба како и секогаш“, изјави Брејди пред натпреварот.

Неговиот ривал Фолс, исто така покажа самодоверба и се надева дека „орлите“ ќе продолжат со нивната силна изведба.

„Натпреварот не е помеѓу мене и Том Брејди, сите во полето се важни, и ќе покажеме дека сме тим, а ние дојдовме како тим, па ќе победиме“, рече квотербекот на Филаделфија.

Слични содржини