Климатските шокови би можеле да доведат милиони Бразилци во екстремна сиромаштија до 2030 година, се вели во извештајот презентиран денеска од Светската банка, во кој се повикува земјата да ги забрза инвестициите во обновливи извори на енергија.
Природните катастрофи, особено поплавите и сушите, заедно со зголемувањето на цените на храната и намалената продуктивност на трудот, ќе ги погодат најсиромашните во јужноамериканската нација, се вели во извештајот.
Бразил е во силна позиција да го зголеми снабдувањето со обновливи извори на енергија, имајќи предвид дека веќе повеќе од 80 отсто од вкупното снабдување доаѓа од обновливи извори, додека светскиот просек е меѓу 15 и 27 отсто, се додава во извештајот.