Светска банка одобри 1,49 милијарди долари помош за Украина

од Vladimir Zorba

Одборот на извршни директори на Светска банка одобри 1,49 милијарди долари дополнително финансирање за Украина, соопштија од меѓународната финансиска институција.

Новите средства се дел од вкупниот пакет за поддршка од над 4,0 милијарди долари мобилизирани од Светската банка. Пакетот вклучува финансиски гаранции од Обединетото Кралство, Холандија, Литванија, Латвија и други земји, пренесе ТАСС.

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, рече дека банката „соработува со земјите донатори за да мобилизира финансиска поддршка“ и презема мерки „за да им помогне на Украинците да им се обезбеди пристап до здравствени услуги, образование и социјална заштита“.

Слични содржини