173
Светската банка објави денес дека одобрила уште 2,5 милијарди американски долари за Украина, а одвоените средства треба да помогнат во буџетот на оваа земја.
„Средствата обезбедени од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) ќе бидат доставени до Владата на Украина“, се вели во изјавата, пренесена од Ројтерс.
Во изјавата се додава дека средствата ќе бидат доставени до Украина откако Светската банка ќе ги одобри расходите.