Светска банка: Руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас предупредува дека руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија бидејќи цените на храната, енергијата и ѓубривата ќе скокнат.

Говорејќи на деловен настан во Соединетите држави организиран од Американската стопанска комора, Малпас рече дека е тешко „да се види како да се избегне рецесија“, истакнувајќи дека загриженоста расте и го забавува растот во Кина поради серијата „локдауни“ поради Ковид-19 .

Минатиот месец Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година за речиси цел процентен поен, на 3,2 отсто.

Слични содржини