Светска банка: Северна Македонија ќе треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

од Илинка Илиоска
41 прегледи

Северна Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари во следните десет години за зајакнување на отпорноста кон климатските промени и заштита на луѓето и имотот. Секоја долар вложен денес може да донесе два до десет пати поголем поврат преку избегнати загуби и економски придобивки се вели во новиот Извештај за климатски промени и развој на земјата (CCDR) на Светската банка.

За постигнување на целта за нето нулта емисии, земјата треба да инвестира 5,6 милијарди долари до 2050 година во декарбонизација на секторите енергетика, транспорт и градежништво.

Меѓутоа, овие високи инвестиции нема да може да ги обезбеди само владата, па така, 85 проценти од финансирањето за декарбонизација ќе мора да дојдат од приватниот сектор, нагласи Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, на презентацијата на Извештајот.

Извештајот, исто така предупредува дека, без инвестиции за климатска адаптација, Северна Македонија до 2050 година може да претрпи економски загуби кои би достигнале до четири проценти од БДП.

Слични содржини