Светска банка: Штетата од руската инвазија на Украина околу 60 милијарди долари

од Nikola Popovski

Материјалната штета од руската инвазија на украинските згради и инфраструктура достигна сума од околу 60 милијарди долари и ќе се зголемува со продолжување на војната, изјави претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

Тој на конференцијата на Светската банка, на која се разговараше за потребата од финансиска помош за Украина, рече дека раните проценки не ги вклучуваат растечките економски трошоци од војната.

„Се разбира дека војната сè уште трае, така што тие трошоци растат“, маведе Малпас.

Во неодамнешното интервју за Гласот на Америка, Асли Демиргуч Кунт, главната економистка на Светска банка за Европа и Централна Азија, рече дека војната во Украина предизвикала, како што рече, огромни загуби на човечки животи и хуманитарна криза.

„Тоа предизвика и економска катастрофа во Украина и Русија и ќе има катастрофални економски последици во остатокот од регионот на Европа и Централна Азија“, потенцира Демиргуч Кунт.

Како што рече таа, кризата го погодува и Западен Балкан, каде има два значајни ризици – прекини во снабдувањето со природен гас и забавување на еврозоната.

Слични содржини