Невладината организација Светска централна кујна (WCK) соопшти денеска дека 200 тони храна донесена во Газа од Кипар се подготвеби за дистрибуција во Појасот Газа, откако биле успешно истоварени.
WCK соопшти дека на Кипар подготвува втор брод со 240 тони хуманитарна помош во храна за уште една испорака во Газа. Помошта во храна вклучува палети со конзервирана стока и рефус производи , вклучувајќи грав, моркови, конзервирана туна, наут, конзервирана пченка, ориз, брашно, масло и сол.
Во вториот брод има и два вилушкали и кран за да помогнат во идните морски испораки во Газа.
Невладината организација сè уште не потврдила кога овој втор брод ќе биде подготвен да заплови кон Газа. WCK, исто така, рече дека ќе обезбедува храна за дневните воздушни испораки што ги планираат Јорданците за секој ден од Рамазан.
Во меѓувреме, хуманитарните агенции излегоа со предупредување во кое се вели дека со оглед на тоа што Палестинците во Појасот Газа имаат очајна потреба, секоја помош е добредојдена, но дека помошта испорачана преку море и по воздух треба да биде комплементарна со копнените испораки, а не да биде замена.
Агенциите и официјалните лица постојано предупредуваат дека ниту еден метод на хуманитарна помош не може да биде толку ефективен како испораката по копно.
Во заедничката изјава, 25 невладини организации ги повикаа државите да му дадат приоритет на прекинот на огнот и да ја зголемат испораката на помош од копно, предупредувајќи дека поморската помош може да создаде опасен преседан кој ги поткопува копнените патишта и дозволува продолжени непријателства.