Светската банка ѝ помага на Турција со 1,78 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Светската банка објави дека ќе обезбеди 1,78 милијарди долари помош и реконструкција за Турција по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици останаа без покрив над главата во Турција и Сирија.

Светската банка соопшти дека 780 милиони долари веднаш ќе ѝ бидат достапни на Анкара, бидејќи средствата ќе бидат пренасочени од два постоечки заеми на Светска банка во Турција.

Според портпаролот на Светска банка, се подготвува уште една милијарда долари помош за закрепнување и обнова на земјата, но ќе биде потребно повеќе време за да се организира таа помош.

Слични содржини