Претседателот на Светската банка соопшти дека го поздравува формирањето со поддршка од Кина на Азиската банка за инвестиции во инфраструктура (AIIB), еден ден откако Велика Британија стана првата западна држава која ја прифати новата организација.
Додека американските камати се очекува да се зголемат подоцна во текот на годината, паричните текови кон пазарите во развој и земјите со ниски приходи ќе се соочат со поголеми тешкотии во времето, рече Џим Јон Ким на прес-конференција.
“Од перспективата дека само треба повеќе трошоци за инфраструктура, нема сомневање дека од наша гледна точка, ние ја поздравуваме Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата”, рече тој.
Почетокот на работатат на азиската банка беше одобрена во Пекинг пред година и таа е разгледана како ривал на доминирачката во западот- Светската банка и нејзината регионална институција Азиската банка за развој. САД се сомневаат дали таа ќе има доволно високи стандарди на управување, еколошки и социјални гаранции.
Изјавата на Ким дојде откако Велика Британија најави дека сака да стане земја – донатор на Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата.
” Обединетото Кралство соопшти денеска дека јасно изјавува дека инсистираат за стандарди кај секоја нова банка, од која таа е дел.Да бидат исти со оние на Светската банка и Азиската банка за развој”, рече Ким.
Сите мултилатерални развојни банки вкупно имаат придонес од околу само 5-10% од вкупните годишни трошоци за инфраструктура, додава тој.
Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата беше формирана пред една година во Пекинг со цел проширување на инвестициите во Азија во транспортната, енергетската, телекомуникациската и други видови инфраструктура.
Претходно во текот на годината Кина објави дека вкупно 26 држави ќе се земји – донатори во финансиската институција, главно од Азија и Блискиот Исток.
Јапонија, Австралија и Јужна Кореја се другите очигледно отсутни во проектот регионални лидери. Јапонија, главниот противник на Кина во регионот, има најголемо учество во Азиската банка за развој заедно со САД, а во однос на Австралија во австралиските медиуми оренесуваат информации дека Вашингтон врши притисок над Канбера да стои настрана.
Заменик-министерот за финансии Јо Хун-Хван изјави за новинарите во четвртокот дека Јужна Кореја се уште преговара со Кина и другите земји во врска со своето можно учество.
Ројтерс
