Денеска е меѓународниот ден на мафините, а ние најдовме едноставен рецепт за превкусни мафини со Нутела, кои се како совршени за денес.
Потребни ви се само пет состојки:
2 големи јајца
50 грама шеќер
350 грама Нутела
90 грмаа брашно
пола лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во голем сад измешајте јајвата и шеќерот, се додека не се соединат. Потоа додајте ја Нутелата и мешајте додека не се соединат сите состојки. Потоа, во измешаното брашно додајте го прашокот за пециво и повторно мешајте додека не добиете еднолична смса.
Во калапите за мафини дурете 2/3 лажици, Ставете ги да се печат. Доколку правите мини мафини, ќе ви бидат доволни 8 минути, а доколку правите стандардни, тогаш 12-13 минути.
Декорирајте по желба.