Светски ден на Нутела: Почестете се со колач на кој не му треба печење

632 прегледи

Денеска е светски ден на Нутелата. Иако секој ден е добар да си приуштите бар една лажица од ова слатко задоволство, па би било грев доколку не го испочитувате нејзиниот светски ден.

Нутела чизкејкот е феноменален, а не му треба печење.

Состојки:

За кора:

280 гр чоколаден кекс
100 гр стопен путер

За крем:

560 гр кремсир
85 гр шеќер во прав
470 гр Нутела
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка какао

За глазура:

80 мл слатка павлака
200 гр Нутела

Подготовка:

Кексите сомелете ги во блендер или исецкајте ги, додадете го стпоениот путер и измешајте. Добиената смеса втиснете ја на дното на калапот. Ставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Во кремсирот додадете го шеќерот и блендирајте. Во смесата додајте ја Нутелата и мешајте додека не добиета мазна и еднолична смеса. Додајте го екстрактот од ванила и како и измешајте. Со кремот премачкајте ја подлогата и ставете ја во фрижидер на неколку часа.

Слатката павлака ставете ја на оган додека не проврие. Со неа прелијте ја нутелата и оставете да отстои две минути. Потоа измешајте и излијте ја на колачот.

Слични содржини