Светските берзи се засилија денес, расте и цената на нафтените деривати

388 прегледи

Акциите на азиските берзи зајакнаа денес, по значителниот раст забележан во четвртокот на Волстрит, поттикнати од надежите за силно економско закрепнување од пандемијата.
Индексите растат на пазарите на капитал во Токио, Хонг Конг, Сеул и Шангај, како и на пазарот на фјучерси во САД.

Индексот Токио „Никеи 225“ скокна 1,6 отсто, на 29.176,70 поени, а исто толку порасна и хонгконшкиот „Ханг Сенг“, на 28.340,97 поени, пренесе АП.

Сеулски „Коспи“ напредуваше 1,1 процент на 3.041,01 поен, „Композит“ во Шангај се искачи 1,6 проценти на 3.418,33 поени, а индискиот „Сенсекс“ порасна за 1,3 проценти.

Индексот S&P 500 на берзата во Њујорк во четвртокот порасна за 0,5 проценти, на 3.909,52 поени, откако на почетокот на тргувањето потона 0,9 проценти. Сепак, сè уште е на пат да се забележи загуба на неделно ниво.

Индустрискиот индекс „Дау Џонс“ зајакна за 0,6 проценти на 32.619,48 поени, а технолошкиот „Насдак“ се опорави од загубите во утринското тргување и го затвори денот со добивка од 0,1 процент, на 12.977,68 поени.

Индексот „Расел 2000“, кој ги следи акциите на помалите компании, го надмина остатокот од пазарот, со пораст од 2,3 проценти на 2.183,12 поени.

За растот на акциите придонесоа надежите на инвеститорите дека економиите погодени од минатогодишната пандемија на Ковид-19 ќе го врати изгубеното „тло под нивните нозе“, благодарение на кампањата за вакцинација против ковид-19 и огромните пакети за државна помош .

Покрај тоа, американската влада објави дека бројот на работници кои аплицирале за надоместоци за невработеност паднал на најниско ниво од почетокот на пандемијата минатата недела, што дополнително го подигна расположението на пазарот.

Инвеститорите ги префрлаат своите инвестиции од акции на скапи технологии во сектори кои се посилно поврзани со економскиот раст.

Кога станува збор за пазарите на стоки, американската нафта „ВТИ“ порасна за 1,23 до 59,77 долари за барел во е-трговијата на берзата во Њујорк денес, откако во четвртокот падна за 2,62 до 58,56 долари за барел.

Северноморската нафта Брент, репер за формирање на цени на „црното злато“ на меѓународните пазари, порасна за 1,13 долари на 62,93 долари за барел.

На девизните пазари, американскиот долар продолжува да зајакнува и во однос на јапонскиот јен доцна синоќа се тргуваше за 109,38 јени во споредба со претходното ниво од 109,19 јени.

Единствената валута на еврозоната исто така забележа раст во однос на доларот од 1,1766 на 1,1781 долари за евро.

Слични содржини