Светските берзи во пад петта недела по ред

од Vladimir Zorba
260 прегледи

По големите осцилации, цените на светските акции паднаа минатата недела, петти пат по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека американската ФЕД и другите големи централни банки во светот ќе мора агресивно да ги зголемат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата.

На Волстрит, Dow Jones падна за 0,25 отсто на 32.899 поени минатата недела, додека S&P 500 се лизна за 0,2 отсто на 4.123 поени, додека индексот Nasdaq е минус 1,5 отсто – на 12.144 поени.

Овие индекси значително осцилираа минатата недела, па еден ден нагло би пораснале, а следниот нагло би паднале.

Така во средата цените на акциите на најголемата светска берза драстично пораснаа откако американската централна банка ги зголеми клучните каматни стапки за 0,50 процентни поени, во согласност со очекувањата.

Но, уште во четвртокот, сите добивки од претходниот ден беа изгубени, а индексите паднаа во петокот, бидејќи инвеститорите не се сигурни колку ФЕД сè уште ќе мора да ги зголеми каматните стапки за да ја спречи инфлацијата и колку тоа ќе го забави економскиот раст.

И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,1 отсто, на 7.387 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3 отсто, на 13.674 поени, додека париски CAC 4,2 отсто, на 6.258 поени.

На берзата во Токио, пак, индексот Nikei минатата недела порасна за 0,6 отсто на 27.003 поени.

Слични содржини