276
Светските цени на храната благо паднаа во април од рекордното високо ниво минатиот месец, поттикнати од скромниот пад на цените на растителните масла и житарките, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Глобалниот индекс на цените на храната, пресметан од ФАО, во април изнесуваше во просек 158,5 поени, што е пад од 0,8 отсто од највисокото ниво во март, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ОН, со седиште во Рим.
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации го ревидираше мартовскиот индекс на цените на храната на 159,7 поени од првично објавените 159,3 поени.