Светското првенство во 2030 година може да се игра на два континента

од Stefanija Kuzmanovska

Пред пет дена се спушти завесата на Европското првенство, кое се играше во 11 различни градови и се покажа како неуспешно, со оглед на тоа што и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека никогаш повеќе нема да се игра во таков формат.

Сепак, ФИФА може да направи уште поголема лудост. Имено, британски „Атлетик“ вели дека се разгледува можноста за организирање на Светскиот куп на два различни континенти, односно дека Италија и Саудиска Арабија ќе бидат домаќини на турнирот во 2030 година.

Патем, од Светското првенство во 2026 година ќе можат да учествуваат 48 репрезентации. За потсетување, следниот Мундијал ќе се игра во Катар, додека во 2026 година ќе се игра во Канада, Мексико и САД.

Планот бил, пишува „Атлетик“, Саудиска Арабија да го организира Светскиот куп заедно со Египет и Мароко, но се доведува во прашање можноста овие две африкански земји да учествуваат во организацијата на Светското, а потоа се појавија проблеми со комерцијализацијата .

Така дојде идејата да се организира првенството во соработка со некоја европска земја, но проблем е големата оддалеченост. На пример, има околу 3.500 километри воздушна линија помеѓу Италија и Саудиска Арабија.

Слични содржини