Доброто здравје започнува од дигестивниот систем или кажано накратко – здравјето започнува од цревата. Знаете ли дека човечките црева содржат 10 пати повеќе бактерии од сите човечки клетки во целото тело?c4c7b2015c06100c62ea570826877509

Овие бактерии обезбедуваат нормална гастроинтестинална активност, нè штитат од инфекции, го регулираат метаболизмот и друго. Конзумирањето на здрава храна, како овошје и зеленчук, го стимулира одржувањето на добра стомачна флора.

Од друга страна и најмалата нерамнотежа може да доведе до долгорочни здравствени проблеми, меѓу кои е и неможноста да симнете вишокот килограми.

Добро е што има здрави комбинации од свежи храна кои обединуваат во пријатен на вкус пијалок, кој може да ги задржи здравјето и функцијата на дигестивниот систем. Таков е на пример пијалокот во која има ананас, круши, краставици, ѓумбир, нане.

Ананасот содржи бромелаин. Овој сочен и вкусен плод може да ни обезбеди  апсорпција на протеинските ензими, како бромелаин, кои помагаат на варењето. Исто така ананасот е најдобарпријател на идеалната фигура.9336050b8032a3a49c6f8af78d7fa2fe

Крушите ја стимулираат секрецијата на дигестивните сокови, па храната се апсорбира многу полесно. Плодовите се богати и на влакна, кои ја спречуваат појавата на запек и помагаат на цревата да се исчистат од токсините. Влакната ја намалуваат и надуеноста, формирањето на гасови и задржувањето на вода.

Краставиците се богати на два од најосновните елементи неопходни за здраво варење – вода и растителни влакна. Оваа комбинација е многу ефективна при детоксикаските режими на исхрана, кои го помагаат варењето.

Ѓумбирот е одличен за олеснување на варењето и други болести или моментални болки, како гадење и надуеност. Свежата мента исто го смирува желудникот. Мирисот ги стимулира плунковите жлезди во устата, како и жлездите кои лачат ензими за варење, па на тој начин се олеснува варењето.

Како да си направите свеж пијалок за здрав стомак, кој ќе го консумирате секој ден?

Во кујнски блендер измешајте:
неколку парчиња свеж ананас
3 круши
1 излупени краставица
мало парче излупен корен од ѓумбир
неколку листови нане
вода колку ќе процените
Се меле до совршена хомогеност и по желба пред потрошувачка може да се олади пијалокот.

Слични содржини