Свиндал става крај на кариерата по Светското во Оре

од Vladimir Zorba

Аксел Лунд Свиндал ќе ја прекине својата кариера по Светското првенство во алпско скијање во Оре (Шведска) во февруари.

Олимпискиот шампион во спуст од Пјонгчанг 2018 изјави дека постојаните повреди на десното колено, кои го малтретираат во последните три години, му пречат да ја продолжи кариерата.

Свиндал (36) ја донел одлуката во текот на изминатите неколку недели. Норвежанецот се очекува да стартува во велеслаломот на 6 февруари во Оре, како и во спуст три дена подоцна.

Свиндал ги пропушти трките во Кицбил овој викенд, за да го одмори коленото и нема да учествува следната недела во брзите дисциплини во Гармиш-Партенкирхен (Германија).

Аксел Лунд Свиндал има во кариерата четири медали од Олимписките игри и осум од светски шампионат, а освен тоа е носител на Светскиот куп во 2007 и 2009 година.

Слични содржини