СВИНСКА ГЛАВА И ЛАЖНА КРВ: Куќи на високи американски функционери мета на вандали (фото)

од Nikola Popovski
346 прегледи

Куќите во кои живеат претседателот на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, биле мета на вандалски напади.

Наводно била оставена лажна крв пред куќата на Пелоси во Калифорнија, како и отсечена глава на свиња, а биле испишани и неколку графити.

На куќата на Мич Меконел се појавил натпис: „Каде се моите пари?“

Полицијата во Сан Франциско соопшти дека го истражува инцидентот што се случил пред куќата на Ненси Пелоси, а таа се уште не се огласила по повод овој настан.

Овие настани ја следат политичката борба околу усвојувањето на пакетот помош за последиците од епидемијата коронавирусот. Претставничкиот дом во вторникот гласаше за зголемување на помошта за физички лица на 2.000 американски долари. Домот предводен од демократите го донесе законот со помош на повеќе од 40 републиканци, но тој беше блокиран во Сенатот.

Слични содржини