Свиркач: Фејсбук знаеше каква штета Инстаграм им нанесува на тинејџерите

од Nikola Popovski
784 прегледи

Поранешната статистичарка за податоци на Фејсбук, Френсис Хоген, сведочеше пред американскиот Конгрес по повод нејзините обвинувања дека компанијата криела дека е свесна за очигледната штета што тинејџерите ја имаат од Инстаграм (компанија на Фејсбук) и дека компанијата не е искрена во борбата против омразата и ширењето лажни информации.

Таа излезе со голем број обвинувања против Фејсбук, но нагласи дека тајно копирала десетици илјади страници пред да ја напушти својата работа во единицата на Фејсбук за граѓански интегритет, пренесе АП.

Хоген, исто така, поднесе жалби пред федералните власти, наведувајќи дека пребарувањето на Фејсбук, исто така, покажува дека се зголемува омразата и ширењето на дезинформации, но дека компанијата се преправа дека не ја гледа.

Во неодамнешниот извештај на Волстрит Журнал базиран на нејзините документи, Хоген го откри својот идентитет во емисија на Си-Би-Ес во неделата вечерта, наведувајќи дека „Фејсбук покажува одново и одново дека профитот е поважен од безбедноста“.

Хоген, инаку, е успешна компјутерска инженерка со мастер диплома од Харвард, а пред да се приклучи на компанијата Фејсбук во 2019 година, работела во Гугл и Пинтерест.

Слични содржини