296
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.
Како што соопшти АМСМ, на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.