СЗО: Бројот на заболени од респираторни инфекции во Кина помал отколку пред пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Зголемувањето на бројот на респираторни заболувања во Кина не е толку големо како пред пандемијата на ковид-19, изјави денеска висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО).

Марија Ван Керков, вршител на должноста директор на Одделот за подготвеност и превенција од епидемии и пандемии на СЗО, истакна дека не се откриени нови или невообичаени патогени во последните случаи на инфекции на респираторниот систем, објави „Ројтерс“.

Според неа, се чини дека зголемувањето на бројот на заболени е предизвикано од зголемувањето на бројот на деца кои се заразиле со патогени микроорганизми, чие ширење успешно било спречено во текот на двегодишните рестрикции на коронавирусот.

Слични содржини