СЗО го одложи објавувањето на извештајот за потеклото на вирусот

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Светската здравствена организација денес објави дека долгоочекуваниот извештај на нејзините експерти, кои го истражуваа потеклото на коронавирусот во Кина, сè уште не е готов и дека „веројатно“ ќе биде објавен следната недела.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева рече дека извештајот „едноставно не е подготвен“ и дека членовите на тимот што работеле со кинески официјални лица на нацртот „сакаат тоа да го направат како што треба“. Линдмајер рече дека, според она што го слушнал од членовите на стручниот тим, очекува дека извештајот најверојатно ќе биде објавен следната недела.

СЗО претходно планираше прво да објави резиме на извештајот, а подоцна и подолга, подетална верзија. Во меѓувреме, се откажаа од таа идеја и беше одлучено да се објави еден документ.

Питер Бен Ембарек, шеф на истражувачката мисија на СЗО, на почетокот на овој месец објави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март.

Слични содржини