Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е загрижена поради првиот потврден случај на колера во Либан разурнат од војна. Од организацијата нагласуваат дека итно се работи на спречување на поголема епидемија.
Либанските здравствени власти го потврдија првиот случај на колера оваа недела во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет.
Ризикот од појава на епидемија секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат во нехумани услови поради немање основни хигиенски услови.
Се потсетува дека повеќе од милион луѓе се раселени во Либан поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во тесни услови во засолништа или на отворено и немаат пристап до чиста вода.