СЗО: Мајмунските сипаници не се новиот ковид

од Milan1
16 прегледи

Светот веќе знае многу за мпокс (т.н.мајмунски сипаници), па затоа тие не можат да се сметаат за „новиот ковид“, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге.

„Мпокс не се новиот ковид. Без разлика дали станува збор за сојот 1, кој предизвикува епидемии во Централна и Источна Африка, или за сојот 2, кој беше причина за епидемијата во 2022 година, рече Клуге пред новинарите во Женева, во седиштето на агенцијата на ОН.

Клуге додаде дека веќе многу се знае за сојот 2 на мпокс, но дека е потребно повеќе истражување за сојот 1 за да се подобри борбата против оваа болест.

Повторната појава на мпокс во Демократската Република Конго, предизвикана од сојот 1, кој ги погодува и Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда, ја поттикна СЗО на 14 август да прогласи вонредна состојба за јавно здравје и да издаде здравствено предупредување од највисоко ниво на меѓународен план.

Слични содржини