СЗО: Не смееме да се откажеме од борбата против коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави денес дека не смееме да се откажеме од борбата против коронавирусот.

„Не смееме да се предаваме“, рече Гебрејесус, кој призна дека по неколкумесечна борба со коронавирусот, во кој загинаа 1,1 милиони луѓе ширум светот, постои „одреден замор“.

Генералниот директор на СЗО го изјави ова ден откако шефот на кабинетот на американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека САД „нема да ја контролираат пандемијата“ на коронавирусот.

„Еве што ќе правиме. Нема да ја контролираме пандемијата, ќе го контролираме тоа да имаме вакцина, терапија и други средства за ублажување”, изјави шефот на кабинетот на Трамп – Марк Медоус за Си-Ен-Ен и додаде вирусот е заразен исто како и грипот.

Гебрејесус рече дека ширењето на вирусот може да се сузбие доколку службените лица и одговорните реагираат брзо.

Според последниот биланс, најмалку 1.155.301 лице починале од коронавирус во светот, а повеќе од 43.080.500 луѓе биле заразени.

Слични содржини