СЗО: „Омикрон“ не е последниот вид на коронавирусот

од Vladimir Zorba

„Омикрон“ не е последниот вид на коронавирусот, предупреди Марија ван Керхове, висок претставник на СЗО.

– Во многу земји, како Велика Британија, каде што е развиен висок имунитет на населението од инфекции, каде опфатот со вакцинација е висок, ќе видите разлика во иднина. Вие сте во втората фаза од пандемијата – изјавила таа за Би-би-си.

Ван Керхове истакна дека три милијарди луѓе уште ја чекаат првата доза на вакцина.

„Ние сè уште имаме многу чувствителна популација“, рече таа. „Тоа е глобален проблем, затоа мораме да го третираме со глобални решенија. Пандемијата на коронавирусот нема да заврши со овој бран на „омикрон“ и тоа не е последниот вид за кој ќе зборуваме“, додава Керхове.

Слични содржини