СЗО: Пандемијата со Ковид-19 ќе трае и во 2022 година

од Milan1
256 прегледи

Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго”, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација.

Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година”.

Продолженото траење на Ковид-19 е поради тоа што помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, додека на другите континенти вакцинирани се 40 отсто од населението.

Велика Британија испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони. Огромен број вакцини против Ковид-19 се доставуваат во земји со висок и среден приход, додека во Африка само 2,6 проценти од дозите дистрибуирани ширум светот.

Група хуманитарни организации, во која спаѓаат Оксфам и УНАидс, ги критикуваа Канада и Велика Британија за набавка на вакцини за нивната популација преку механизмот КОВАКС, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН.

Д-р Ејлвард апелира богатите земји да им дадат приоритет на земјите со најниски примања за набавка на вакцини.

Слични содржини