Канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија соопшти денеска дека подготвила три кратки видеа, на кои им се прикажува на граѓаните на Србија на кои мерки треба да се придржуваат за да се заштитат од коронавирусот, пренесе „Данас.рс“.

Целта на овие видеа е да им се покаже на луѓето кои се тие превентивни мерки за хигиена од неопходна важност и да укажат на потребата да се придржуваат кон нив во секоја ситуација и на кое било место.
Многу е важно сите граѓани да ги усвојат како дел од нивната секојдневна рутина со цел да го зачуваат сопственото здравје, но и здравјето на луѓето околу нив.
Во соопштението се наведува дека трите видеа ги прикажуваат основните мерки за заштита од коронавирусот, мерките за заштита од вирусот на работното место, како и упатства за правилна употреба на заштитните маски.