130
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон побара титула на витез за неговиот татко Стенли Џонсон, како дел од почестите по повод заминување од функцијата.
Според извештајот на „Тајмс“, списокот на номинации на Џонсон, кој во моментов поминува низ проверка на кабинетот, содржи до 100 имиња и е значително подолг од списокот на неговите претходници на премиерската функција – Тереза Меј и Дејвид Камерон.
Во 2021 година, пратеничката од ториевците Каролин Нокс и една новинарка јавно го обвинија Стенли Џонсон, поранешен член на Европскиот парламент, дека ги допирал на конференциите на Конзервативната партија.