Тајван ги осуди најновите кинески воени маневри во близина на островот

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Тајван денеска ги осуди најновите кинески воени маневри во близина на островот, а министерството за одбрана соопшти дека регистрирало 57 кинески борбени авиони кои учествуваат во вежбата.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека нејзините сили одржале вежба за тестирање на „воената готовност под реални борбени услови“ во морето и воздушниот простор околу Тајван, фокусирајќи се на копнени и поморски напади, објави „Ројтерс“.

Во соопштението на кинеската војска се вели дека целта на маневарот била да се тестира заедничката борбена способност во решително спротивставување на провокативните акции на странските сили и сепаратистичките сили за независност на Тајван.

Слични содржини