217
Taјван ќе го продолжи својот задолжителен воен рок од четири месеци на една година, најави денеска претседателката Цаи Инг-Вен, нагласувајќи дека островот мора да се подготви за растечките закани од Кина.
Моменталниот воен рок од четири месеци не е доволен за одговор на постојаното и брзо менување на ситуацијата, рече таа на прес-конференцијата.
„Одлучивме да го вратиме едногодишниот воен рок од 2024 година“, додаде претседателката.