Ким Кардашијан ослабе десет килограми за три недели благодарение на диета, а диететичарите ги предупредуваат девојките за потенцијалните опасности.
Кога таа се појави во фустанот на Мерлин Монро, настана вистинска врева. Главната причина е драстичното слабеење, бидејќи Ким за рекордно време успеала да ослабе десет килограми.
За само три недели ја покажала својата трансформација, а потоа открила дека сето тоа можела да го направи благодарение на диета. Сепак, ова не им се допадна на многу експерти. Со оглед на тоа дека Ким Кардашијан има големо влијание врз девојките, диететичарите ги предупредија девојките да не ја следат.
Еве што имаше Ким да каже за нејзиното искуство:
„Трчав на трака за трчање, целосно ги исфрлив сите шеќери и сите јаглени хидрати и јадев само зеленчук и протеини. Не се изгладнував, но бев многу строга“.
Експертите сметаат дека Ким придонесува за токсичните идеи за имиџот на телото и стандардите за убавина.
„Многу млади девојки ќе го читаат ова и ќе се обидат да го направат истото. Кардашијан е идол за многумина и има толку многу кои би направиле се со надеж дека ќе бидат малку повеќе како неа“, објаснила диететичарката Мариса Мешулам и додаде:
„Секој кој сака да се чувствува подобро, да го промени начинот на живот или да страда од имиџ на телото или проблеми со исхраната, е чувствителен на коментари како оние на Ким. Елиминацијата поттикнува начин на размислување за храната ‘се или ништо’. Кога елиминираме нешто, може да создадете исклучително нездрав однос со храната. Само затоа што Ким не јаде преработена и пржена храна или додаден шеќер, не значи дека и вие не треба да јадете“, рече таа.
Освен тоа, диететичарката смета дека фалењето со изгубените килограми може сериозно да влијае на менталното здравје.
„Менталното и физичкото здравје се подеднакво важни. Исклучувањето на храната што ја сакате во корист на вашиот изглед може да му наштети на вашето ментално здравје и затоа не функционира. Мораме да ги балансираме тие две работи“, вели таа.
Елизабет Алтункара од Националниот институт за нарушувања во исхраната вели дека изјавите на Ким Кардашијан се само еден пример за токсично јадење.
„Притисокот што го доживуваме преку социјалните мрежи има негативно влијание на секој аспект од животот. Пораките за диета и слабеење се активираат уште од мали нозе, а тоа доведува до негативна слика за телото, што предизвикува чувство на срам и вознемиреност. Нашите тела се уникатни и секому му требаат различни работи. Она што го прави една личност не е упатство за тоа како треба да се грижите за себе“, заклучува таа.