Хана Дејвис е девојката која ќе ја краси насловната страница на списанието Maxim овој месец. Сексапилната свршеница на пензионираната бејзбол ѕвезда Дерек Џетер, личи на карипска кралица во оваа фотосесија.
Жешката убавица, која е поранешна шампионка во одбојка на плажа, во моментов категорично е еден од најбараните модели во САД.
Минатата година таа стана вистинска ѕвезда, особено откако застана по костим за капење на насловната на Sports Illustrated Swimsuit 2015.
25-годишната синоока блондинка за изданието вели дека слично на кревкиот изглед, таа има и кревка душа.
– Јас не сум воин. Нема смисла. Мојата филозофија е да оставам другите да ми помагаат и да се грижат заедно со мене. 
Хана е родена и пораснала на островот Свети Тома, дел од Американските Девствени Острови.