Поранешен деловен партнер на Ким Кардашијан откри како западнал во финансиска криза по соработката со реалити ѕвездата.
Програмерот кој ја создаде апликацијата „Кимоџи“ која заработуваше милион во минута, тврди дека сега е финансиски уништен и живее во својот автомобил.
Дејвид Либенсон, заедно со двајца колеги, измислил цела палета на емотикони со ликовите на семејството Кардашијан, што резултирало со илјадници преземања во секунда, а со тоа преку апликацијата се заработувало, како што тврди Либенсон, „милион долари во минута“.
Меѓутоа, деловните партнери на реалити ѕвездата не заработиле пари откако нивниот проект станал огромен успех, поради недоразбирање меѓу Ким и нејзиниот адвокат.
Програмерите се откажале од понатамошниот развој на апликацијата „Кимоџи“, а потоа Либесон ја тужеше најпопуларната старлета и побара 300 милиони долари, тврдејќи дека таа му ја украла идејата и побегнала со заштитниот знак што тој го создал, пишува „Дејли мејл“.
„Ако ме удри автобус утре, сакам светот да ја дознае вистината за семејството Кардашијан“, рекол Либенсон, а пренесува „Дејли мејл“.
Дејвид Либенсон рече дека бил принуден да се откаже од тужбата бидејќи неговите правни трошоци излегле од контрола, како и неговиот личен живот.
„Буквално спијам во мојот автомобил. Ја изгубив сопругата, децата ме обвинуваа, тешко им беше на училиште, тогаш беа тинејџери и го идеализираа тоа семејство“, изјави Либесон.