Патувањето „без алкохол“ на Џо Манџаниело наводно одиграло голема улога во неговата разделба со Софија Вергара.
„Секако дека тоа што Софија пие алкохол влијаеше на нивниот брак“, изјавил извор за „Дејли Мејл“ и додава:
„Тој беше предупреден за ова кога почна да излегува со неа и повторно пред да се ожени со неа“.
Изворот додаде дека Џо Манџаниела „не мислел“ дека ќе ја „промени“ Вергара на кој било начин – но исто така „не размислувал за импликациите“ што нејзините навики за пиење може да ги имаат врз нивниот брак.
Сепак, друг извор наведува дека Вергара „не можела повеќе да ја поддржува“ трезвеноста на нејзиниот сопруг.
Манџаниело е трезен од раните 2000-ти и отворено зборуваше за неговите минати проблеми со злоупотреба на алкохол. Во интервју за Men’s Health во 2019 година, актерот објасни дека се борел со алкохолот во раните денови од неговата кариера.
„Имаше момент кога навистина мислев дека сум скршен надвор од точката што можам да се вратам на вистинскиот пат“, изјави тогаш Маџаниело.
„Алкохолот беше начин да не морам да се справувам со себе. И мислам дека глумата беше начин јас да не морам да бидам јас. Така би можел да излезам на сцената и да не бидам јас, да излезам од сцената и да одам во барот и да не бидам јас“, објаснил тој во таа прилика.
Во понеделникот медиумите ексклузивно објавија дека Вергара (51) и Манџаниело (46) се разделиле по седум години брак.