Џенифер Лопез со години успешно ја гради својата кариера и има обожаватели ширум светот, а додека некои ја сакаат нејзината музика, на други повеќе им се допаѓа како актерка.
Родена е во Бронкс, но нејзините родители се Порториканци, а Џенифер редовно истакнува колку е горда на своето потекло и важи за една од најголемите латински диви.
За време на нејзиниот настап на Супер Боул пред неколку години, Џеј Ло излезе на сцената носејќи наметка со знамето на САД на едната и порториканското знаме од другата страна, во чест и на нејзината земја на потекло и на онаа во која порасна и изгради кариера.
За својата работа доби бројни награди, а една од нив беше онаа за Омилен латино изведувач, која ја доби во 2011 година.
Џенифер тогаш одржа трогателен говор, но шоуто го „украде“ младата пејачка Тејлор Свифт која седеше во публиката со нејзината колешка Селена Гомез и други изведувачи.
Имено, во еден момент Лопез зборуваше со толпата на шпански, а камерата потоа ја сними Тејлор како аплаудира и зачудено ѝ вели на Селена Гомез: „Таа зборува шпански“.
Оваа реакција на Свифт и денес е хит на мрежите, а на многумина не им е јасно како Тејлор не знаела за оваа информација, бидејќи Џенифер има снимено многу песни на шпански.