Таблички од речиси 15 милиони долари на специјален Rolls-Royce Cullinan

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Во април минатата година регистарската табличка „П 7“ беше продадена во Дубаи за рекордни 14,9 милиони долари, а сега таа табличка беше пронајдена на модифициран Rolls-Royce Cullinan.

Станува збор за Mansory Cullinan Linea D’Oro Unique Edition One of One (уникатен пример), кој доби нов аеро боди кит (преден спојлер, комплет прагови, заден дифузер…), нови тркала, нов издувен систем, модифицирана суспензија и уште полуксузен ентериер кој одговара на бојата на надворешноста.

Сепак, особено се истакнуваат елементите со листови од 24-каратно злато.

Под хаубата се наоѓа 6,75-литарски битурбо V12 мотор засилен до 610 КС и 950 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 km/h беше намалено на 5,0 секунди, а максималната брзина се зголеми на 280 km/h.

Слични содржини